Известување за полагањето на тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели во почетна обука кои ја поминавте фазата на административна селекција,

Ве известувам дека тестот за познавање на еден од трите најчето користени јазици во ЕУ (англиски француски и германски) ќе се спроведе во просториите на Филозофскиот факултет, на деновите 13 и 14 мај 2023 година (сабота и недела) во следниве термини:

Група 1: Сабота – 13.05.2023 година (од 09:00 до 11:00 часот)

Група 2: Сабота – 13.05.2023 година (од 12:00 до 14:00 часот)

Група 3: Недела  – 14.05.2023 година (од 09:00 до 11:00 часот)

Група 4: Недела – 14.05.2023 година (од 12:00 до 14:00 часот)

Распоредот по групи можете да го видите тука.

Воедно, Ве замолувам на полагањето да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање, да ја носите Вашата испитна шифра (која ја добивте со поднесување на документите во Академијата) како и лична карта, пасош или друг документ за идентификација.