Известување за одложување на полагањетo на психолошкиот тест

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели на почетна обука во  Академијата за судии и јавинители,

Ве известуваме дека денес, Приемната Комисија одржа седница на која констатираше дека релевантните институции од кои се чекаше  постапување поради промена на редоследот и начинот на полагање на Приемниот испит согласно новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители, сеуште не постапиле, па одлучи психолошкиот тест, кој беше закажан за 23 и 24 септември 2023 година да се одложи.

Исто така, Комисијата одлучи следната недела да одржи нова седница и доколку институциите постапат по законските надлежности,  ќе утврди нова Временска динамика за спроведување на другите фази од Приемниот испит и ќе објави списоци за полагање на психолошкиот тест.

За таа цел редовно следете ја веб страницата на Академијата, каде што редовно добивате информации.