
Почитувани,
Со особено задоволство, Ве известуваме дека новиот Статут на Академијата за судии и јавни обвинители, кој беше усвоен на 199-та седница на Управниот одбор одржана на ден 07.08.2023 година, беше објавен во Службен весник на РСМ број 172/2023 од 14.08.2023 година. За да го преземете текстот на статутот пристапете на следниот линк.
Воедно, Ве известуваме дека Академијата активно работи и на изработка на останатите подзаконски акти, а по нивното донесување ќе бидете навремено известени.