
Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели во почетна обука,
Ве известуваме дека денес, Приемната Комисија ја одржа својата 21-ва седница, на која констатираше дека се исполнети условите за полагање на психолошкиот тест, па како термин за полагање на истиот ги утврди датумите 21 и 22 октомври 2023 година (сабота и недела).
Воедно, Комисијата одлучи наредниот понеделник да одржи нова седница на која ќе се утврди нова Временска динамика за спроведување на Приемниот испит. По седницата ќе бидат објавени и термините и распоредот по групи за полагање на психолошкиот тест, па за таа цел редовно следетe ја нашата веб страница.