Известување за базата на прашања за квалификацискиот тест

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука во Академијата,

Ве известувам дека во тек е ревидирање на Базата на прашања за квалификацискиот тест. Во меѓувреме, старата база на прашања од која може да се подготвувате за квалификацискиот тест и писмениот дел од испитот е достапна на страната prasanja.mk (https://www.prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/),  а до базата може да пристапите и со кликнување на полето Пристап до базата на прашања за полагање во Академија, кој се наоѓа на веб страницата на Академијата, во делот почетна обука.

Кога ревидирањето на базата на прашања ќе биде завршенo, ќе Ве известиме со ново соопштение.