
Под насловот: „Новинарите и правосудството ја чуваат слободата на медиумите“ во период од 18 до 20 септември 2024 година во Маврово беше одржана третата Регионална конференција која беше организирана од страна на Хелсиншкиот комитет на Холандија и Free Press Unlimited во соработка со Академијата и Здружението на новинарите на Македонија, а на која присуствуваа повеќе од 90 судии, јавни обвинители и новинари.
Иницијативата за оваа соработка започна во 2022 година, а целта е да се подобри имиџот на правосудството во РСМ и перцпецијата на јавноста преку унапредување на соработката помеѓу судиите и обвинителите од една страна и новинарите од друга страна, бидејќи оваа соработка е од суштинско значење за владеењето на правото во Западен балкан. За да биде постигната оваа цел потребно е разбирање и добра волја за соработката од правосудната и новинарската фела.
Во рамките на поздравните говори свои обраќања имаа: Joeri Buhrer Tavanier, вршител на должноста извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Холандија, Fenke Elskamp, Tim lider на Free Press Unlimited за Африка и Европа/ Еуроазија, м-р Илир Исени, заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители и Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија
Дел од темите кои беа дискутирани на оваа конференција се однесуваа и на правните напади и неказнивоста, како и дезинформациите кои силно влијаат и претставуваат своевдина закана за владеењето на правото и слободата на медумите во регионот. Покрај овие теми, еден панел исто така беше посветен и на SLAPP (Стратешките тужби против јавното дејствување), пришто беа разгледани можностите за зголемување на употребата на SLAPP во земјите од Западен Балкан.
Заменикот на директорот, судија, м-р Исени, ја поздрави иницијативата и изразената добра волја посебно на судиите и јавните обвинители да покажат отвореност и желба за соработка со цел унапредување на релациите со новинарите. Според него, за негативната перцепција на јавноста за правосудниот систем која преовладува во нашата држав, одговорни се двете страни. Потребно е да се гради доверба помеѓу правосудството и новинарите, за да се постават здрави основи за поголема транспарентност на правосудството и да се зајакне професионализмот на новинарите. Академијата, согласно својата улога и надлежности правела напори, и ќе продоложи да обезбедува простор за професионална едуакција, вмрежување и поддршка на двете фели, како би се постигнале посакуваните резулатите. – додаде судија, м-р Исени.
Во рамки на конференцијата беше реализирани и работилница која беше организирана од страна на Центарот за обука и студии на правосудството на Холаднија, каде судиите, обвинители и новинарите ја истражуваа меѓусебната улога во општеството.
Крајот го одбележа плодна дискусија за тоа како понатаму и кои се чекорите кои треба да се преземат во насока на поттикнување на правната заштита на новинарите и промовирање на дијалогот помеѓу судството и медумите.
Реализацијата на оваа конференција претставува заокружување на претходните три регионални конференции кои се одржаа во 2022 и 2023 година Босна и Херцеговина и Србија и истата е дел од активностите предвидени во рамки на Проектот „Зајакнување на слободага на медиумите во БиХ, Северна Македонија и Србија“ кој е финасиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.