Заменик директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени учествуваше на обуката за обучувачи на тема: „Пристап до правдата на ЛГБТ луѓето во Западен Балкан“ 30 ноември и 1 декември 2023 година, Тирана, Република Албанија

Untitled

Во рамки на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Советот на Европа, заменик директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени учествуваше на обуката за обучувачи на тема: „Пристап до правадата на ЛГБТ луѓето во Западен Балкан“, која се одржа на 30 ноември и 1 декември 2023 година, во Тирана, Република Албанија.

Настанот беше организиран од страна на Советот на Европа, Светска банка и Асоцијацијата за еднакви права ЛГБТ-ЕРА.

Обуката се реализираше во два работни дена во чии рамки беа презентирани низа правни инструменти со кои се регулираат аспектите од темата на обуката, како и предизвиците со кои се соочува ЛГБТ заедницата во Западен Балкан. Воедно, беа споделени и практични искуства во однос на имплементацијата на човековите права, усогласеноста на националната легислатива со меѓународните стандарди кои се поврзани со обезбедување на пристап до правдата за луѓето од ЛГБТ заедницата.

На обуката се дискутираше и за дискриминацијата на која се подложени овие луѓе и за свесноста и перцепцијата на целокупното општество во однос на прифаќањето на различностите.