Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Илир Исени, учествуваше на обуката на тема “Управување со промени“ (Change management), во организација на EJTN која се одржа во Институтот за судска обука на Белгија, во Брисел

Untitled

Во Институтот за судска обука на Белгија (BIJT), на 19 и 20 октомври 2023 година, се одржа обука на тема “Управување со промени“ (Change management), во организација на Европската Мрежа за Судска Обука (EJTN). Оваа обука е дел од програмата на EJTN, Методи за судска обука (Judicial Training Methods).

Обуката беше наменета за претседатели на судови, шефови на јавни обвинителства, лидери на други институции, како и за раковидители на административните служби. На обуката учествуваа вкупно 30 учесници од 18 држави, од кои заменик директорот на АСЈО, судија Илир Исени, беше единствениот претставник од земјите на Западен Балкан, односно земји кои не се членки на Европската Унија.

Во текот на обуката беа организирани четири работилници, фасилитирани од експерти од областа на темата на обуката. Истите имаа свои излагања во однос на примената на теоријата за управување со промените, како и за планирањето на промените.

Судија Илир Исени, активно учествуваше на овие работилници, каде што имаше можност да размени мислења и идеи околу темата со останатите учесници, кои што доаѓаа од редот на судиите, јавните обвинители и административните службеници, од државите земји-членки на ЕУ.

 

 

Во текот на обуката, судија Илир Исени, имаше можности да разговара со останатите учесници и по однос на случувањата во правосудството во нивните држави, како и за предизвиците со кои истите се соочуваат при извршувањето на своите професии. Исто така, оствари неформална средба со директорот на Институтот за судска обука на Белгија, проф. д-р Raf Van Ransbeeck, со кого имаше можност да разговара за инфраструктурните, човечките и финансиските капацитети на Институтот за судска обука на Белгија, како и за други прашања од взаемен интерес.

 

 

На крајот, како едно од неколкуте заклучоци од оваа обука произлезе дека промените се или личен избор или се наметнати, но иако се тешки, сепак истите се неопходни за понатамошниот развој на една институција/организација, и дека при спроведувањето на промените треба активно и постојано комуницирање со сите чинители кои што би претрпеле директно или индиректно влијание од таквите промени.