Доделни сертификати на првата група информатичари кои ја поминаа обуката за Сајбер хигиена на Академијата и ИПА Проектот „Владеење на правото во Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“

2 slika

Академијата за судии и јавни обвинители и ИПА Проектот „Владеење на правото во Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“ денес (11.01.2024 година) во просториите на Академијата им ги доделија сертификатите на првата група информатичари кои ја поминаа обуката за „Информираност за сајбер хигиена“.

На доделувањето на сертификатите присустуваше и г-н Грегож Борковски, тим лидер на компонента од Проектот со која е опфатена реализацијата на обуки за сајбер хигиена, кој накратко со поздравен говор им се обрати на присутните, а воедно и се заблагодари на Академијата за нејзината поддршка и  учество во реализацијата на понатамошните проектни активности.

Сертификатите на учесниците им ги подели г-н Кирирл Ќироски, експерт за ИКТ, кој изрази надеж дека оваа обука ги збогатила нивните постојни знаења, а од научените лекции ќе најдат примена во нивната секојдневена работа. Воедно, сите обучени информатичари во рамките на овој Проект, во иднина ќе имаат обврска да спроведат обуки за сајбер хигиена во правосудството.

Настанот претставуваше и одлична можност да се разговара со учесниците за нивните следни чекори и активности, да се слушнат нивните размислувања, како и да се изнесат можните дилеми со кои би се соочиле при спроведување на обуките.

Имено, Академијата е институција партнер за имплементација на проектните активности во рамките на ИПА Проектот: „Владеење на правото на Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“ кој започна во декември 2023 година токму со обуката за „Информираност за сајбер хигиена“. Согласно предвидената динамика со оваа обуката ќе бидат опфатени сите информатичари од сите судови и обвинителства во Република Северна Македонија.

По завршувањето на обуката секој учесник ќе добие и сертификат.