
Директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска учествува на Конференцијата на директорите на институциите кои се дел од Европската правосудна мрежа (ЕЈТН) која се одржува во Мадрид, Шпанија. Домаќини на Конференцијата се Центарот за правосудни студии (Министерство за правда на Шпанија) и Судската школа на Генералниот судски совет на Шпанија.
Конференцијата официјално започна на 17 октомври 2023 година и ќе трае до 19 октомври 2023 година.
Во фоукс на оваа директорска конференција ќе бидат различните пристапи во спроведувањето на обуките наменети за правосудството, притоа имајќи предвид дека токму овие различности се основна вредност на Европската унија.
Конференцијата се реализира низ четири работилници кои ќе ги адресираат различните аспекти на разновидноста, поточно, мостовите или празнините во пристапот до правдата, посветувајќи посебно внимание на јазичните бариери, луѓето со попреченост, системите за детска правда и инклузијата на родовите перспективи во обуките за правосудството.
Во рамки на оваа конференција ќе се одржи уште еден настан, односно, ЕЈТН организира Вонредно генерално собрание на кое заседавачот и членовите на претстојната работна група за дигитализација ќе бидат избрани, а воедно ќе биде усвоен и акциски план кои ќе биде насока за следните активност на оваа работна група.