
Во улога на член на Советодавното тело (Borad of Trustees) на Академијата за европско право (ЕРА), директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, беше дел од 33 состанок на ова тело кој се одржа на 14 јуни 20224 година.
На состанокот беше потпишан договорот од страна на Србија за пристапување во ЕРА Фондацијата, а воедно се избираа и претседавач и заменик претседавач на новиот Одбор.
Состанокот го водеше Жан-Филип Ражад, директор на ЕРА кој ги образложи идните стратешки приоритети на ЕРА како и Акцискиот план за 2024 година.
Една од темите која станува се поактуелна во ЕУ е секако дигиталната трансформација во правосудството и новите трендови во информатичката технологија, па присутните на состанокот разговараа и за влијанието на вештачката интелегенција врз спроведувањето на обуките наменети за правните професии.
Присутните на состанокот ги разгледаат можностите и дадоа свои идеи за понатамошното унапредување и развој на програмите за обука кои во прв план ќе ги следат трендовите при изборот на методолигиите и креирањето на нивните содржини.
На состанокот членовите дискутираа подеднакво, како за успесите така и за недостатоците кои се појавиле при реализацијата на програмата од 2023 година, а беа отворени и повеќе прашања за нови идеи поврзани со темите како што се: правото на азил и миграција, трговското право, уставното право и човековите права, судската соработка во граѓанска материја, семејното право, трудово право и т.н.
Членовите на овој состанок се осврнаа и на соработката со универзитетите бидејќи таа има прилично важна улога во постигнувањето на целите, кои посебно пред себе ги поставиле институциите задолжени за спроведување на правосудна обука и селекција и регрутација на идните судии и јавни обвинители.