
Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска стана нов член на Консултативното тело (Board of Trustees) на Академијата за европско право (ЕРА). Станува збор за тело чии одлуки, делување и активности се исклучително важни за развојот на професионалната правосудна обука, особено во доменот на ЕУ. Уште позначајно е тоа што во фокусот на ова Консултативно тело, меѓу другото, во иднина ќе бидат токму земјите од Западен Балкан и развојот и унапредувањето на правосудната едукација.
На 15 и 16 септември 2023 година во Трир, се одржа хибриден состанок кој започна со пленарни седници за извештаите за развојот на ЕРА и со дискусија за актуелните стратешки предизвици во која учествуваа 60 члена кои беа присутни, меѓу кои, за прв пат, во својство на член и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска Поделени во специјализирани работни групи предводени од претставниците на ЕРА истите разговараа за приоритетните прашања во програмата за наредниот период, како што е и стратегијата за правосудна обука на земјите од Западен Балкан и иницијативите насочени кон ангажирање на младите генерации на правници и адвокати. На состанокот покрај членовите на Управниот одбор беа поканети и гости од различни правни професии кои ги споделија своите размислувања и идеи за развојот на стратегијата на ЕРА.
Во оваа прилика директорката на Академијата изрази благодарност до ЕРА за дадената можност Академијата да присуствува и биде дел од развојот на стратешките активности предвидени за земјите од Западен Балкан, а кои се во насока на спроведување на професионална правосудна обука. „Иако се надевам дека нашата земја ќе биде и формално вклучена во Програмата за правосудство на ЕУ, давам приоритет на воспоставување добро структуриран и сеопфатен национален план за обука со кој би се задоволиле образовните потреби на нашето правосудство во светло на процесот на интегрирање на на нашата држава во ЕУ. Практичните вештини и знаења за примената на правото на ЕУ во нашата земја треба да се стекне пред нашата земјата да стане земја членка на ЕУ, бидејќи е неопходно правосудниот систем доследно да работи на сите правни прашања кои можат да се појават.“
Напорите на ЕРА да развие програма за обука на земјите од Западен Балкан и да ги поттикне овие земји да и се придружат на ЕРА Фондацијата се повеќе од потребни за унапредување на правната професија и напредокот на целиот регион. Охрабрување за напорите на ЕРА стигна од сите присутни, со предлози за темите кои треба да бидат во нејзиниот фокус како што се семинари за различни области од правото на ЕУ и спроведување на обуки за правни толкувања и образложенија. Со цел да се зголеми довербата на јавноста во правосудниот систем, непохдно е во фокусот на сите да биде