
Два онлајн курсеви на HELP (Европска програма за едукација за човекови права за правни професионалци) беа промовирани за правните професионалци во Северна Македонија. Курсевите на тема Биоетика – Клучни човечки принципи за човековите права во биомедицината, како и Стандардите на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување (КСТ) се сега достапни и на истите веќе се запишани околу 100 судии, обвинители, затворски и пробациски службеници.
Курсевите се организираат во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, со поддршка на два заеднички проекти на Европската Унија и Советот на Европа: Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија, ХЕЛП во Западен Балкан, како и Одделението за човекови права и биомедицина при Советот на Европа.
Хибридниот промотивен настан беше отворен од Лејла Дервишагиќ, раководителка на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, како и проф. д-р. Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители. Ли Хибард од Одделението за човекови права и биомедицина ја презентираше работата на Советот на Европа во полето на биоетиката, додека Кристиан Лода, деск офицер за Северна Македонија во Секретаријатот на КСТ, делот поврзан со Управата за извршување на санкции….
Повеке на следниот линк: https://pjp-eu.coe.int/mk/web/horizontal-facility/news/-/asset_publisher/bty4yBhLu21t/content/two-help-courses-launched-for-the-judges-and-prosecutors-in-north-macedonia?_101_INSTANCE_bty4yBhLu21t_viewMode=view/