„Водич за ветинг во правосудството“ и „Водич за судиите за управување со притисокот врз независноста“- најновите публикации на CELLI Институтот од Чешка

logo_asjo_news_mk

Во период кога независноста на судската власт и нејзиното функционирање се едни од клучните теми кои се во фокусот на јавноста, CELLI институтот од Чешка, кој е партнер на Академијата за судии и јавни обвинители објавува две значајни публикации кои даваат одговор на повеќе прашања ова област.

Во јавноста континуирано се актуелизра прашањето за ветинг во правосудството. Се кршат копјата помеѓу за и против, аргументирано, секој од свој агол, но никој не е блиску до конкретното решение.

Најновата публикацијата „Guidelines on Judicial Vetting/ Водич за ветинг на правосудството“ на CELLI институтот во својата содржина нуди преглед на искуствата од ветинг и лустрација во ЕУ, при што му овозможува на читателот да ги разбере стандардите за ветинг во правосудството.  Имено, тим од 33 судии и правни практичари од Холандија, Украина, Хрватска, Србија Северна Македонија, Полска, Словачка, Молдавија, Грузија, Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија, предводени од мрежата за правосудна размена на Централна и Источна Европа ги изработија насоките кои претставуваат сеопфатен, релевантен и витален ресурс за снаоѓање во сложеноста на ветингот во правосудството. Потпирајќи се на мноштвото извори, овие насоки прават разлика помеѓу ветинг во правосудството и лустрација, нудејќи појаснување за нивните улоги и методологии. Овие насоки нудат промислен увид во тоа кога е прикладно да се направи проверка или ветинг на правосудството и како да се имплементира истото кога тоа е потребно.

Меѓу многуте препораки кои ги нуди оваа публикација, една од клучните точки е дека ветингот во судството треба да се смета како последна мерка која ќе треба да се употреби и тоа само тогаш кога ќе се искористат сите други начини.

Публикацијата во целост, на англиски јазик можете да ја преземете тука.

„За правилно спроведување на правдата, судиите мора да бидат независни и непристрасни во секој момент. Судиите треба да бидат способни да ги извршуваат своите професионални обврски без влијание на извршната или законодавната власт, заинтересираните страни или нивните хиерархиски претпоставени. Меѓутоа, понекогаш судиите се под притисок на надворешни или внатрешни сили“. Сетоа ова беше причини со заеднички напор 12 судии од девет различни зејми во рами на мрежата за размена на CELLI  да ја создадат публикацијата со наслов: „Guidelines for Judges on Managing Pressures on Independence/ Водич за судиите за управување со притисокот врз независноста”.  Оваа публикација е развиена од судии и наменета е за судии, а целта е да се посочат примери на видови на притсок на кој можат да бидат подложени судиите, а воедно и да се дадат практични примери со кои може професионално да се одговори на овие притисоци.

Публикацијата на англиски јазик во целост можете да ја праземете тука.

Картата за видови на притисок врз судиите како дополнување на публикацијата можете да ја преземете тука.