ВОВЕДНА ОБУКА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И РАЗЛИЧНОСТИ ЗА УПРАВУВАЧКИТЕ ТЕЛА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

logo_asjo_news_mk

Во рамки на успешно воспоставената соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 01 декември 2023 година во хотел Парк Скопје ќе се одржи воведна обука за родова еднаквост и различности наменета за управувачките тела на Академијата за судии и јавни обвинители.

Имено, станува збор за тема која е актуелна и која ќе се наоѓа во фокусот на земјите членки на ЕУ и во следната 2024 година.

Од страна на Мисијата на ОБСЕ беше спроведена и аналази со која беше воочена потребата од спроведување на обуки и подигнување на свеста на правните професионалци  за оваа тема.

Академијата како институција задолжена за спроведување на правосудна обука ја има кучната улога во постигнување на овие цели, па оттука, воведната обука започнува токму со управувачките тела на Академијата.

Агендата согласно која ќе се одвива оваа обука можете да ја преземете тука.