
Проектот на Западен Балкан во рамки на Европравда во соработка со EJCN организира вебинар на тема: Јуриспруденцијата на ЕУ за допуштеност на доказите добиени од SKY ECC и EncroChat телефонските мрежи кој ќе се реализира на 26 јуни 2023 година (понеделник), со времетраење од 11:00 до 13:00 часот.
Целната група која е предвидено да учествува на вебинарот се судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја кои во текот на своето работење може да бидат или се инволвирани во предмети поврзани со ваков тип на докази во постапката.
За учество на вебинарот потребно е пријавениот учесник самостојно да аплицира онлајн најдоцна до 21 јуни 2023 година.
Имено, за регистрација секој учесник е потребно да ги следи следните чекори:
- пристапување на платформата и регистрација за учество преку следниот линк: https://eu.eventsforce.net/eurojusteu/384/home
Код за пристап: LA017
Краен рок за пријавување: 21.06.2023 (23:59)
- после успешна регистрација, учесникот ќе добие детални информации за користење на платформата Pexip и пристап до вебинарот
- на 26 јуни , учесникот може да учествува на вебинарот преку својот компјутер користејќи било кој пребарувач
Работен јазик на вебинарот ќе биде анлиски со симултан превод на македонски, албанки и српски јазик.
Програмата согласно која ќе се реализира вебинарот може да ја превземете тука