Академијата за судии и јавни обвинители учествуваше во крводарителската акција на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Денес (12 декември 2022 година) во период од 09:00 до 13:30 часот во Академијата за судии и јавни обвинители се одржа крводарителска акција која ја организира Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Вработените и слушателите на програмата за почетна обука во Академијата од седмата и осмата генерација се приклучија на акцијата за спасување на човечки животи преку солдирано дарување на крв.

 

 

Академијата за судии и јавни обвинители како општествено одговорна институција се вклучува во сите активности кои се насочени кон општото добро на граѓаните на Северна Македонија, а учеството во оваа акција ја потврдува оваа нејзина заложба.