„Компјутерски криминал, обезбедување и изведување на електронски докази“ 22 март 2022 година, Zoom платформа (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители организира онлајн советување на тема: „Компјутерски криминал, обзбедување и изведување на електронски докази“, кое ќе се одржи на 22 март 2022 година, преку ZOOM платформа.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат: г-а Искра Хаџи Василева, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје; м-р Маја Јованова, раководител на одделение за ИТ, Управа за финансиско разузнавање и м-р Катерина Јовановска, началник на одделение за дигитална форензика, Министерство за внатрешни работи на РСМ.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

 

Агенда- 22 март 2022 година