ИЗВЕСТУВАЊЕ за онлајн обуки (Demo)

Како што веќе известивме во неколку наврати, со цел да  обезбеди непречен тек за  исполнување на денови обука на судиите и јавните обвинители  во рамките на Континуирата обука, Академијата  постојано ја ажурира својата web страна надополнувајќи ја со  обуки  кои судиите и јавните обвинители ќе можат да ги следат онлајн преку LMS платформата на Академијата и други платформи преку кои организира обуки во соработка со проектите. Воедно, Ве известуваме дека покрај  најавите за обуките кои ќе се поставуваат на веб страната на Академијата ќе добивате и  известувања на Вашите е-маил адреси кои сте ни ги доставиле за регистрација на LMS платформата.

Академијата ја следи ситуацијата во врска со препораките и мерките за заштита, спречување на внесување и ширење на вирусот КОВИД-19 и постојано се грижи да им овозможи на судиите и јавните обвинители да ја исполнат Законската обврска за  потребните денови на обука, согласно стажот кои го имаат.

Заради непречено и навремено информирање во однос на активностите кои Академијата ги реализира,  следете ја web страната на Академијата и facebook страната на социјалната мрежа, каде што постојано се објавуваат и ажурираат на дневна основа  сите активности кои Академијата ги превзема или тековно се реализираат. За следење на тековните онлајн обуки кои Академијата ги организира самостојно или во сотработка со партнерите, во месец ноември и декември 2020 година, Ве покануваме да се пријавувате за учество на следните термини:

НОЕМВРИ 2020 година

  • 23-24 ноември/Алатки за прекугранична соработка во кривичната материја (наменет за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)- Interactio платформа
  • 23 ноември/Криминал од омраза (наменет за судии од кривични оддели/ограничен број до 20 учесници)- Cisko webex платформа
  • 25 ноември/Судска заштита при повреда на правото на нужен наследен дел (наменет за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја)- LMS платформа на Академија
  • 30 ноември/Трговија со луѓе (наменет за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја/ограничен број до 20 учесници)- Cisko webex платформа

ДЕКЕМВРИ 2020 година

  • 4 декември/Посебни ограничувања на правото на сопственост- видови на тужби (наменет за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја)- LMS платформа на Академија

 

  • 14 декември/Правосудни агенции на ЕУ, агенции за спроведување на Законот и инструменти за соработка (наменет за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)- Interactio платформа
    • 18 декември/Определување на висина на надомест на штета, обична штета и изгубена добивка при вондоговорна и договорна одговорност за штета (наменет за судии од граѓански оддели од апелационо подрачје Гостивар)- LMS платформа на Академија
    • 15 декември/ Правното дејство на привидните и фиктивни договори (наменет за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја)- LMS платформа на Академија
    • Детални инструкции за пристап на ЛМС платформата на Академијата или другите платформи преку кои може да ги следите обуките, ќе  бидат доставени дополнително.

    Пријавувањето за сите настани,  судиите и јавните обвинители потребно е да го направат преку контакт лицето одредено за комуникација со Академијата, по претходно запознавање на претседателот на судот, односно јавниот обвинител на јавното обвинителство.