ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ОБЈАВЕНИОТ ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА СТУДИСКИ ПОСЕТИ ВО РАМКИ НА ЕЈТН (Demo)

Почитувани,

Сите заинтересирани за учество на студиските посети кои се во организација на Европската правосудна мрежа ЕЈТН, за кои веќе објавивме известување на нашата Веб страна, а кои не успеавте да аплицирате Ве молиме Вашето учество да го пријавите на следниот мејл: Sanja.Pandilov@jpacademy.gov.mk.

Проблемот на кој наидувате е поради фактот што рокот за пријавување е истечен и не сте во можност да ја селектирате посетата на која сакате да учествувате.

Во таа насока ви прикачуваме документ каде може да се информирате за студските посети кој можете да го  преземете тука.

За да се пријавите ве молиме да ги доставите на погоренаведениот мејл следните податоци:

-Студиската посета за која се пријавувате, точниот датум на посетата, вашата позиција, назив на институцијата од која доаѓате, години на кариера, адреса на институцијата, ниво на институцијата (во смисла на Основен, Виш и сл), областа во која постапувате (на пр. кривично, граѓанско и сл), службен телефонски број; службена е-маил адреса; дата на раѓање, лична адреса, странски јазици кои ги зборувате (ниво на пишан, ниво на говорен), сé со цел да можеме да аплицираме во Ваше име.

 

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители