
Во рамки на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и ХЕЛП Програмата на Совет на Европа за сите заинтересирани судии, јавни обвинители и адвокати кои постапуваат во кривична материја, достапен е ХЕЛП курсот на тема: Процедуралните мерки за заштита во кривичните постапки, која може да се следи онлајн, на 3 октомври 2024 година. Времетраењето на воведниот курс е од 14:00 до 16:00 часот.
Овој курс е развиен во рамки на ЕУ-СоЕ HELP со помош на ЕУ Проект кој е финансиран од страна на ЕУ и финализиран во август 2019 година.
Курсот HELP беше развиен комбинирајќи ги и основните процесни права на обвинетите и осомничените лица во кривичната постапка (фокусирајќи се на темите од Директивата на ЕУ, особено презумпцијата на невиност) и правата на жртвите на криминал (акцент на пристапот до правдата).
Станува збор за воведен курс и истиот ќе Ви овозможи да се запознаете со модулите и содржината на курсот. Сите кои ќе одлучат да продолжат понатаму и да го поминат во целост курсот ќе се стекнат со сертификат за завршен ХЕЛП курс за процедуралните мерки за заштита во кривичните постапки.
За подетални информации во врска со модулите и начинот на пристапување можете да ги добиете со клик на следниот линк: