(мкд) Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Илир Исени, како панелист имаше свое излагање на работилницата “Judicial Workshop Series – Workshop #1: Strengthening Communication Skills for Judges in Deadline with the Media and the Public“

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Shq. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Илир Исени, како панелист имаше свое излагање на работилницата “Judicial Workshop Series – Workshop #1: Strengthening Communication Skills for Judges in Deadline with the Media and the Public“, која се одржа на 29 и 30 октомври 2021 година со физичко присуство во Vila Grabovka, Прага, Република Чешка, како и онлјан преку платформата ZOOM. Конференцијата ја организираше CEELI Institute Prague.

Во своето излагање на панел дискусијата на тема: “Case study on North Macedonia“, заменик директорот се осврна на придобивките од соработката меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, како и за потребата од учество на членови на Судско-медиумскиот совет како предавачи на обуките во Академијата, во врска со транспарентноста на судството, односите со медиумите и јавноста.

Во текот на дебатата која се разви после излагањето, заменик директорот ја потенцираше клучната улога на Академијата како единствен влез во извршувањето на судиската и јавно обвинителската функција во Северна Македонија, како и фактот дека не треба да се мисли дека почетната обука за идните судии и јавни обвинители треба да се однесуваат само на правото, туку и на комплексноста на функцијата судија односно јавен обвинител, која подразбира вештини, соодветна подготвеност, како и специфични особини и квалитети на кандидатот кој ќе ги извршува овие функции.