(мкд) РАБОТИЛНИЦА на тема: „Буџет и буџетски циркулар“

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Shq. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира тродневна онлајн работилница на тема: „Буџет и буџетски циркулар“, која ќе се одржи на 13, 14 и 15 јули  2021 година (вторник, среда и четврток) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Работилницата е наменета за  судски администратори и сметководители од сите апелациони подрачја.

Предавач на работилницата ќе биде г-а Силвија Јаневска, државен советник за судски буџет во Судски совет на Република Северна Македонија.

Агендата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете тука.

За повеќе информации поврзани со работилницата, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.