(мкд) КХВ И АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ ОДРЖАА СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА : „ ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И ОСВРТ НА АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ – АКЦИОНЕРСКИ ПРАВА – ПРАВНА ЗАШТИТА “

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Shq. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Ликвидацијата на трговските друштва која освен како модел на престанок,  може да имплицира промена на одредени воспоставени односи поврзани со акционерски статуси е значајна и актуелна тема сама по себе.  Перцепцијата за улогата и значењето на судската пракса како клучна за разрешување на прашањата поврзани со корпоративното управување кај котираните акционерски друштва и за правната заштита при остварувањето на акционерските права е особено важна за подобрување на инвестициската клима во државата. Оттука, креираната правна пракса наидува на голем интерес кај акционерите, кај акционереските друштва, во Комисијата за хартии од вредност, но и за самиот судски систем како темел на кој во крајна линија треба се потпира правната сигурност и предвидливост за сите чинители на пазарот на капитал .

 

 

Во таа насока на ова советување кое што се одржа на 9 ноември, 2021 година во Скопје, судии од основни граѓански оддели, судии од апелациони судови, стручни соработници од Управниот суд, адвокати и претставници на акционерски друштва кои котираат на Македонската берза интерактивно дискуситираа со излагачите д-р Марко Андонов, редовен професор и декан на Факултет за правни науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Наташа Савовска Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и  Мате Стојановски, главен правен советник во Комисијата за хартии од вредност  за актуелни правни прашања поврзани со спроведувањето на постапките за ликвидација на трговските друштва, како и за значајни прашања од областа на пазарот на капитал во делот на работењето на акционерските друштва, корпоративното управување и при остварувањето и заштита на правата од хартиите од вредност.

 

 

Заради континуирано подобрување на состојбите поврзани со наведените области, на советувањето се разговараше и за практикување на законската можност за одредени предмети во кои постапуваат судовите,  а по барање на странките, во судската постапка, да се вклучува Комисијата за хартии од вредност како регулаторно тело од областа на пазарот на капитал со цел да го информира судот за своето мислење или толкување за одредена материја од делокругот на  нејзината стварна надлежност.

Традиционално, добрата меѓусебна соработка на двете институции, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Академијата за судии и обвинители Павел Шатев во рамки на која ова советување беше иницирано и спроведено ќе продолжи и во иднина со спроведување на вакви и слични настани на кои ќе се третираат прашања од областа на пазарот на капитал.