(мкд) Интерактивна практична работилница „Спроведување на мерките за следење на комуникациите“

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Shq. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

На 17.12.2021 година во Гевгелија, Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на соработката со ДЦАФ Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор ја спроведоа втората од серијата пет интерактивни практични работилници на тема „Спроведување на мерките за следење на комуникациите“.

Оваа втора работилница беше наменета за судиите и јавните обвинители од апелационото подрачје Скопје, како и за претставници од МВР, Царинската управа и Финансиската полиција кои се вклучени во процесот на спроведување на посебни истражни мерки.

 

 

Работилницата ја водеа обучувачи од Академијата и правни практичари кои учествуваа во создавањето на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите (достапен на интернет страницата на Академијата). Работилницата беше спроведена откако претходните два дена под водство на искусни меѓународни и локални експерти, обучувачите ги подготвуваа материјалите и интерактивните вежби кои беа користени во текот на работилницата.

Серијата работилници се спроведува во рамките на ДЦАФ имплементираната „Програма за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026)“.