(мкд) ЕПИ, АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, КОМОРАТА НА МЕДИЈАТОРИ И ХОЛАНДСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МЕДИЈАТОРИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Со цел промоција и зголемена употреба на медијацијата во земјава, Институтот за европска политика, Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка е за имплементација на проектот „Медијација, без дилема!“, кој е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Главна цел на проектот е зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите. Повеќе за проектот видете на следниот линк.