(мкд) Работна средба нa дирeкторот нa Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска со Н.Е. Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија.

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Денес (24.09.2019, среда) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија, директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, одржа работна средба со Н.Е. Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија.

Работната среба се одржува во рамките на успешната долгогодишна соработката која Академијата ја има со Амбасадата на Република Франција.

Имено, поддршката на Амбасадата на Република Франција за унапредувањето на правосудството во Република Северна Македонија е огромна, со самото тоа и за Академијата која има клучна улога во креирање на европскиот профил на идниот судија и јавен обвинители но и за стручното усовршување на судиите и јавните обвинители во земјата.

Директорката на Академијата, професор д-р Габер Дамјановска, го информираше Амабасадорот за актуелностите кои се случуваат во Академијата, за новиот Нацрт закон  за Академија за судии и јавни обвинители кој е во собраниска процедура, а воедно, во оваа прилика таа се осврна и на нови можности за заеднички активности кои ќе значат ефикасен напредок за правосудниот систем на земјата.

Амбасадорот на Република Франција ја потврди поддршката на својата земја како и заложбите за континуирана работата која ќе даде позитивни резултати во насока на успешна интеграција на Репбулика Северна Македонија во европското семејство.