Cоветување на тема: „Електронски надзор: примена во пракса“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) и Управата за извршување на санкции, а во рамките на Твининг проектот: „Зајакнување на казнено поправниот систем и пробациската служба“ организираaт советување на тема: „Електронски надзор: примена во пракса“ што ќе се одржи на 28 јануари 2020 година во просториите на Основниот кривичен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите од Основниот кривичен суд Скопје кои работат на извршување на санкции и јавни обвинители од Основно јавно обвинителство Скопје.

 

На советувањето свое излагање ќе има г-н Михиел Ван Дер Вен, судски проект- менаџер во делот на елентронскиот надзор и надзор над пробацијата, работи и во Холанската пробациска служба, а исто така ја обавува и функцијата судија.

 

Целта на ова советувањето е споделување на искуства и знаења за да се поттикне дискусија за конкретната примена на електронскиот надзор во Република Северна Македонија, и сите активности и измени на законската рамка кои би можеле да се спроведат во иднина.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука .

Материјалите кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.