Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ е основана како асоцијација во мај 1992 година по иницијатива на Германското федерално министерство за правда. Како непрофитна организација ИРЗ им помага на државите во развојот на владеењето на законот и спроведувањето на функционалните структури на пазарната економија. Притоа, постојано ги развива своите стратегии и концепти и ги прилагодува на другите држани и региони. ИРЗ работи и по налог на и со финансирање од Федералното министерство за правда и заштита на потрошувачите како и преку средства поврзани со проекти на Федералното министерство за надворешни работи. Дополнително, ИРЗ фондацијата имплементира ЕУ проекти кои се иницирани и финансирани од Европската комисија во рамките на нејзините политики. Поточно, ИРЗ спроведува проекти за правни и судски реформи кои ЕУ ги нуди во рамките на своите програми за финансирање. Експертите на ИРЗ се вклучуваат каде и да е се појави потреба од поддршка за основана на уставна структура заснована на владеење на правото и на демократските принципи. Покрај тоа, тие им помагаат на државите во воспоставување на основа за приватни економски активности заштитени со функционален граѓанско правен систем и во приближувањето на националното законодавство кон легислативата на ЕУ. Во рамки на своите билатерални и мултилатерални проекти ги идентификуваат потенцијалите на локалните институции и дизајнираат концепти за консултации прилагодени на специфичните потреби за соодветните земји.
Во рамките на сорботката со ИРЗ Академијата реализираше низа настани, воедно ИРЗ во повеќе наврати донираше и книги за збогатување на библиотеката на Академијата, а беа реализирани и студски посети на кои национални судии и јавни обвинители имаа можност да разменат искуства со своите колеги од земјите членки на ЕУ.
https://www.irz.de/index.php/en/partner-states/north-macedonia