Б Л А Г О Д А Р Н О С Т (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  им се заблагодарува на сите кои на свечениот настан, одржан на 1 декември 2021 годин, во хотел „DoubleTree by Hilton“, по повод одбележувањето на 15 години од постоењето на Академијата за судии и јавни обвинители, со своите поздравни обраќања испратија силна порака во јавноста во однос на улогата и значењето на Академијата.

Посебна благодарност до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерот за правда на Република Северна Македонија, Бојан Марчиќ, првите луѓе на правосудните институции во земјата: Беса Адеми, Љубомир Јовески, Антонио Јолевски, како и заменикот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Селим Адеми.

Голема благодарност и на нивните екселенции, амбасадорите на ЕУ, САД, Франција, Германија, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и претставничката на УНХЦР во Северна Македонија, кои со своите обраќања потврдија дека Академијата ја ужива меѓународната помош и поддршка.

За крај, Академијата за судии и јавни обвинители се заблагодарува на сите кои бевте дел од овој настан и со своето присуство ја дадовете поддршката на Академијата, а со тоа и на правосудството во нашата земја.

Со почит

Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“