Aжурирана верзија на курсот за Слобода на изразување – дел од ХЕЛП програмата
Aжурирана верзија на курсот за Слобода на изразување како дел од ХЕЛП програмата на Советот на Европа (HELP – Human Rights Education for Legal Professionals) е сега достапна на ХЕЛП онлајн платформата.
Курсот, кој првично беше припремен во 2016 година, е ажуриран, надграден и модернизиран заедно со Одделот за информатичко општество при Советот на Европа, во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“ имплементиран во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II”.
Курсот е составен од 4 практични модули, и е со вкупно времетраење од приближно 9 часа.
Во моментов, курсот е достапен само на англиски јазик, а до крајот на 2020 година, курсот ќе биде достапен и на соодветните јазици за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Во продолжение се линковите до објавата на веб страната на Horizontal Facility II од каде што ќе може да пристапите и до линкот за самиот курс: