Анализа на актуелното системско позиционирање на Академијата за судии и јавни обвинители и нејзината улога во обуката на правосудниот кадар (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на  Мисијата на ОБСЕ во Скопје изготви сеопфатна анализа за системското позиционирање на Акдемијата и нејзината улога во обука на чинителите на правосудниот систем.

Анализата нуди детален преглед на сите аспекти од делокругот на Академијата како и резултати од спроведени анкети преку кои се мери и задоволството од нејзината работа.

Анализата е публикувана на три јазици: македонски, англиски и албански јазик и истата во целост можете да ја преземете Tука.