
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „ Прекин на застареност “, кое ќе се одржи на 1 ноември (петок) 2024 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и судски соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачје.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на РСМ, во пензија и д-р Али Алиу, судија на Апелационен суд Гостивар.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.