Заменик на директорот на АСЈО, судија, м-р Илир Исени учествуваше на Генералното собрание на Европската мрежа за правосудна обука (ЕЈТН)

Slika 11

Заменик директорот на АСЈО, судија, м-р Илир Исени, учествуваше на Генералното собрание на ЕЈТН кое се одржа денес преку платформата ЗООМ.

Имено, соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Европската мрежа за судска обука (ЕЈТН) започна во 2007 година кога Академијата се стекна со статус на набљудувач. Од тој момент до денес Академијата е вклучена во сите активности и програми на ЕЈТН. Првите две години учеството на Академијата не предизвикуваше финансиски импликации, но потоа од страна на ЕЈТН беше одлучено дека на ваков начин може да партиципраат само земјите членки на ЕУ.И покрај тоа што поради финансиски импликации и неможност Академијата  финансиски да го поддржи учеството на судии и јавни обвинители во активностите и програмите на ЕЈТН, Академијата не се откажа од соработка и учеството  на обуки каде ЕЈТН беше коорганизатор. Во текот на 2015 година интензивно се работеше на повторно  вклучување на Академијата во сите активности и програми на ЕЈТН, во чии рамки судии и јавни обвинители учествуваа на двонеделни програми за размена, учество на студиски посети во ЕСЧП и ЕСП, како и повеќемесечни престои во ЕСЧП. Во текот на 2018 година Академијата за судии и јавни обвинители повторно беше вклучена во активностите на Европската мрежа за правосудна обука (ЕЈТН), со тоа што судиите и јавните обвинители присуствуваа на настани организирани од ЕЈТН.

На денешното собрание согласно предвидената Агенда, беше разгледан и одобрен Записникот од Генералното собрание на ЕЈТН кое се одржа на 12 и 13 јуни 2024 година во БРИСЕЛ. Исто така, беше дискутирана и финансиската состојба на ЕЈТН при што беше презентиран финансискиот извештај од 2023 година и предлог финансискиот извештај за 2025 година.

На крајот беа дадени предлози за внатрешна ревизија и предлози за идни активности кои би се случували во рамките на мрежата.