
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 10.09.2024 година (вторник) ја одржa 218-та седница, со следниов Дневен ред:
- Усвојување на записникот од 217-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Назначување на член на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители врз основа на доставена номинација од Јавно обвинителство на РСМ број 03-525/1 од 05.08.2024 година.
- Донесување на Одлука за формирање на Комисија за спроведување на постапка за именување на директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Разгледување на информација во врска со потребни измени и дополнувања на Правилник за практична настава во почетна обука број 02-96/4 од 16.02.2024 година.
- Разгледување на информација од одржан прв иницијален состанок за формирање на Алумни асоцијација и донесување Одлука за формирање на Алумни асоцијација во Академијата за судии и јавни обвинители.
- Утврдување на листа на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Разно и
- Усвојување на измени и дополнувања на Правилникот за практична настава во почетна обука број 02-96/4 од 16.02.2024 година.