СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Справување со стресот во професијата и управување со времето“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: „Справување со стресот во професијата и управување со времето“, кое ќе се одржи на 11 јуни 2024 година (вторник), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судски и јавнообвинителски службеници од сите судови и јавни обвинителства во Република Северна Македонија.

Предавач на советувањето ќе биде д-р Јасна Бачовска Недиќ, вонреден професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.