СОВЕТУВАЊЕ на тема: „ Прекршување на Изборен законик и Кривичен законик во спроведување на изборниот процес/Регистрација и забрана на политички партии и здруженија на граѓани – слобода на здружување “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: Прекршување на Изборен законик и Кривичен законик во спроведување на изборниот процес/Регистрација и забрана на политички партии и здруженија на граѓани – слобода на здружување “, кое ќе се одржи на 07 јуни 2024 година (петок), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од  сите судови и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од обвинителствата од сите обвинителства во Република Северна Македонија.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Габриела Гајдова, судија на АС Скопје, м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје и г-а Елизабета Настов, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работни материјали :

1.Перзентација 1

2.Презентација 2