
Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители и Правосудната академија на Турција во соработка и со финансиска поддршка на ТИКА, ДКАФ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 22 мај 2024 година се одржа регионален натпревар посветен на совемените прашања за човековите права на кој учествуваа 10 земји од регионот со свои претставници.
Академијата за судии и јавни обвинители беше домаќин на овој настан како резултат на освеното прво место на натпреварот кој се одржа во 2022 година во Анталија, Турција. Секој земја учесничка беше преставена од свој тим кој го сочинуваа слушатели на почетната обука или новоизбрани судии и јавни обвинители, кадри на правосудните академии од регионот. Тимовите беа предводени од своите ментори, а темата беше одбрана најмногу поради фактот што дел од земјите учеснички чии аспирации се членството во ЕУ треба да се подготват навремено за ефикасна примена на ЕКЧП и почитување на праксата на ЕСЧП. Секако, овој настан претставуваше и одлична можност за размена на искуства со земјите кои се веќе дел од ЕУ и го применуваат европското право во своите национални законодавства.
Настанот го отвори проф. д-р Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители која изрази задоволство од покажаниот интерес и посака овој натпревар да продоложи и во иднина да се реализира со што ќе прерасне во традиција. На говорницата со свои поздравни зборови се обратија и претседателките на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Весна Дамева и Душица Димитревска кои го поздравија овој настан, ја потврдија поддршката на Советите за работата на Академијата и изразија задоволство што во областа на правосудството се случуваат и вакви професионални настани кои нудат можности за соработка и вмрежување на академиите од регионот.
Во своето воведно обраќање г-а Дамева истакна дека истакна дека регионалната институционална соработка е од особено значење заради компаративна размена на искуства и знаења, а споделувањето на искуства и запознавање со праксата на Европскиот суд за човекови права е во насока на заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Со видео обраќање приустните ги поздрави и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал, кој истакна дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува позитивниот развој на правосудството, додека честитки и зборови за поддршка на Академијата упати и Ирена Џајковска, главен програмски менаџер на DCAF-Женевски центар за управување со безбедносниот сектор која посака успех и продлабочување на понатамошната регионална правосудна соработка.
Вовед во настанот и темата со свое излагање даде Маргарита Цаца Николоска, поранешен судија на ЕСЧП и на Уставниот суд на Босна и Херцеговина која силно подвлече дека познавањето, разбирањето и примената на ЕКЧП и почитувањето на судската праска на ЕСЧП се исклучително важни во одговорот на предизвиците со кои се соочуваат човековите права во денешницата.
Тимовите кои се натпреваруваа покажаа подготвеност да се носат со новите правни предизвици преку своите презентации на случаи, одлични презентациски и ораторски вештини. Сепак, првото место на овој натпревар и припадна на правосудната академија на Србија, второто место на правосудната академија од Хрватска, додека третото место го делеа организаторите на настанот академиите на Република Северна Македонија и Република Турција.
Проф. д- Габер Дамјановска како ментор го предводеше тимот од Република Северна Македонија во кој учествуваа Марија Беговиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, Марко Кржалоски и Лира Бојку, слушатели од осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители.
Покрај оценките кои беа доделени од жирито за најдобра изведба на тимовите, беше предвидена и награда за најдобар изведувач поединечно која беше доделена на г-а Лира Бојку, слушател од осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители.
На 23 мај 2024 година на победниците им беа доделени плакети, по што следеа излагањата на проф. д-р Рената Дескоска, праевен факултет Скопје, УКИМ ,судијата Стилијано Биос од Грција и Ахмет Мушереф Јакишик, заменик-раководител на Одделот за човекови права, Министерство за правда на Република Турција кои говореа за актуелните прашња од областа на човековите права, презентирајќи случаи од судската пракса на ЕСЧП, говорејќи за дигитализацијата на судството, еколошки човекови права и т.н.