Советување на тема „Процесна улога на замешувачот во постапката и дејствијата што може да ги презема”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Процесна улога на замешувачот во постапката и дејствијата што може да ги презема“ кое ќе се одржи на  22 мај (среда)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје и г-н Тодор Поп-Панев, судија на Апелационен суд Штип.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2