
Академијата за судии и јавни обвинители и Правосудната академија на Турција во период од 22 до 24 мај 2024 година организираат два настана, поточно, регионална конференција и натпревар. Двата настана ќе бидат посветени на современите прашања поврзани со човековите права, а нивната реализацијата е финансиски и логистички поддржана од страна на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА, како и од странските партнери и поддржувачи на Академијата: Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор- ДЦАФ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Имено, Академијата за судии и јавни обвинители го освои првото место во 2022 година на натпреварот кој беше организиран во Анакара, Турција, на кој учество зедоа повеќе земји од Западен Балкан на кој учествуваа тимови составени од слушатели на почетната обука од академиите од регионот и новоизбрани судии кои беа водени од страна на ментори. Освоенот прво место е причината поради која академијата и Република Северна Македонија се домаќини на повеќе делегации од регионот кои ќе пристигнат во Скопје и ќе бидат дел од настаните.
На регионална конференција посветена на човековите права свои излагања ќе имаат истакнати правни професионалци од Северна Македонија, Турција и Грција.
Со воведни зборови на присутните ќе им се обратат првите на луѓе на двете академии, претседателите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на Северна Македонија, како и првите луѓе на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ДЦАФ.