Платена обука за борба против корупција и градење на интегритет – Интернационална академија за борба против корупцијата (IACA)-

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во  соработка и со финанскика поддршка на ЕУ  Проектот „Владеење на правото“, Ви нудат можност за пријавување на онлајн платена обука која ја организира Интернационалната академијата за борба против корупцијата (IACA).

Обука ќе се реализира во месец јуни 2024 година, низ 4 сесии во живо, во времетраење од четири недели. Секоја сесија ќе траее по 90 минути и истите ќе се одржуваат секоја среда и четврток (6, 12, 20 и 27 јуни), во период од 14:00 до 15:45 часот. Петтата недела ќе биде посветена на системски базиран квиз, кој може да се полага во било кое време. По успешно завршување на квизиот се стекнувате со сертификат.

На обуката можат да се пријават офицери за интегритет и службеници кои постапуваат во случаи на превенција и откривање на корупција, како и раководители на сектори/оддели, тим лидери и лица кои имаат раководна позиција на средно ниво.

Одлично познавање на англиски јазик е задолжително.

Повеќе детали за обуката, условите и начинот на пријавување ќе најдете во следниот документ:

Доколку сте заинтересирани можете да се пријавите на следната е-маил адреса: sashenka.gramatova-ljuben@rolaw.mk најдоцна до 19-ти април 2024 година.