ОБУКА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИД-ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК ЗА ПРАВОСУДСТВО 29 јануари 2024 година

DSC_0426

Академијата за судии и јавни обвинители и АИРЕ Центарот од Лондон во рамки на својата успешно воспоставен соработка, го промовираа прирачникот за правосудство наменет за постапување во случаи на фемицид. Настанот се одржа на 29 јанаури 2024 година во просториите на Академијата каде покрај промоцијата се реализираше и обука на обучувачи со која беа опфатени членовите на GSJ мрежата на АИРЕ Центарот од Лондон. Оваа мрежа е создадена од неодамна и вклучува еминентни судии од целиот регион кои се посветени на зајакнување и промовирање на родовата еднаквост во земјите од Западен Балкан. Мрежата има своја интернет платформа која ги собира експертите од оваа област, имплементира регионални онлајн програми за обука и овозможува на своите членови да се стекнат со соодветени знаења и вештини кои потоа ќе ги споделат со своите колеги. Покровители на мрежата се претседателката на Европскиот суд за човекови права Сифора О’Лири, поранешниот претседател на ЕСЧП Роберт Спано како и неколку истакнати судии од регионот, меѓу кои и од Република Северна Македонија.

Презентација на содржината на Прирачникот на настанот имаа: д-р Косана Бакер, програмски директор на FemPlatz  и проф. д-р Невена Петрушиќ, професор по право на Правниот факултет во Ниш, Србија кои се дел од авторското трио на оваа публикација.

На настанот присуствуваа судиите од РСМ кои се членови на мрежата, како и актуелната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, која од неодамна се приклучи на тимот на професионалци кои ја застапуваат нашата држава во оваа мрежа.

Со поздравен говор на присутните им се обрати директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска која истакна дека темата за фемицид е многу значајна во глобални рамки и заслужува посебно внимание, посебно имајќи ги предвид последните статистички податоци на национално и меѓународно ниво кои говорат дека убиството на жена заради тоа што е жена е се поприсутно. Потребно е вмрежување, заедничко делување, добра меѓународноа соработка и подигање на свеста за овој вид на криминал во државите на Западен Балкан- појасни проф. д-р Габер Дамјановска. Согласно податоците од  Извештајот кој беше изработен од страна на АИРЕ и промовиран во септември 2023 година во Скопје, земјите од Западен Балкан бележат своевидно унапредување на законодавната рамка, и во тој дел можеби нашата држава направи најголем исчекор со измените во КЗ со кои можеби најдобро до сега се дефинира фемицидот, но, сепак, остануваат низа предизвици во судската пракса.

Прирачникот за правосудството за процесуирање на случаите на фемицид служи како насока за тоа како да се надминуваат проблемите кои се јавуваат во судската пракса. Националните извештаи укажуават на неефикасно, слаба и неделотворна примена на законот. И покрај тоа што во повеќето држави фемицидот не е инкриминиран како посебно дел, освен во Република Северна Македонија, судиите имаат на располагање законски можности за адекватно процесуирање и санкционирање на родово-базираните убиства на жени.

Целта на обуката беше дополнително да ги подготви членовите на мрежата од Република Северна Македонија кои во иднина се обврзани да спроведуваат обуки за процесуирање на случаи на фемицид за своите колеги. Воедно, на денешниот настан од страна на сите присутни беше заклучено дека ефикасноста би се зголемила доколку обуките се спроведат во сите апелациони подрачја во нашата држава а на  истите покрај судиите да бидат вклучени и јавните обвинители, бидејќи тие се многу важна алка во целиот процес.