
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година, организира советување на тема „Преиначување на тужба. Услови и видови на преиначување на тужба“ кое ќе се одржи на 15 декември (петок) 2023 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 1.Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Маја Маркова, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Софија Миленкова, судија на Основен граѓански суд Скопје
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.