
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Примена на Конвенцијата за доставување во странство на судски и вонсудски акти во граѓански или трговски работи“, кое ќе се одржи на 06 декември 2023 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии, стручни соработници од граѓански оддели од сите судови во Република Северна Македонија и претставници од Министерството за Правда.
Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Дрита Мамути Фазлија од Универзитетот во Тетово и г-а Даниела Рисковска, советник за Меѓународна правна помош од Министерство за правда.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.