ОБУКА на тема: „Злоупотреба на службена положба и коруптивноста при спроведување на постапките за јавни набавки“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира обука на тема: Злоупотреба на службена положба и коруптивноста при спроведување на постапките за јавни набавки“, кое ќе се одржи на 09 ноември 2023 година (четврток) во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Обуката ќе ја спроведат г-н Александар Камбовски, судија во Апелационен суд Битола и г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.