Обука за слушателите на осмата генерација од почетна обука на Академијата на тема: Европски принципи и стандарди за судска контрола врз примената на посебните истражни мерки од страна на полицијата и разузнавачките служби

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор ДЦАФ организираат дводневна обука наменета за слушателите од осмата генерација од почетна обука на Академијата за Европските принципи и стандарди за судска контрола врз примената на посебните истражни мерки од страна на полицијата и разузнавачките служби.

Обуката ќе се реализира на 8 и 9 ноември 2023 година во хотел Мериот, Скопје а истата ќе ја спроведат предавачи кои се експерти и претставници од академската фела од земји членки на ЕУ кои имаат големо познавање од европската јуриспруденција и богато практично искуство од областа која е тема на обуката.

Имено, Академијата е еден од главните национални партнери и корисници на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија спроведувана од ДЦАФ.

Обуката  е дел од активностите кои Академијата и ДЦАФ ги реализираат согласно потпишаниот меморандум за соработка, а целта е да им се овозможи на слушателите да се запознаат со европските принципи, стандарди и добри практики во кривичните истраги, собирање на информации и проценка на докази.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.