
Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,
Ве известуваме дека на ден 01.11.2023 година, по добиениот извештај од Комисијата на психолози која го спроведува психолошкото тестирање, Приемната Комисија одржа седница на која присуствуваше и психолог од институцијата која го спроведува психолошкото тестирање. На седницата, Комисијата ги констатираше резултатите од поднесениот Извештај и утврди дека 319 (триста и деветнаесет) кандидати добија оценка задоволува и се стекнаа со право да го полагаат тестот за интегритет, додека 25 (дваесет и пет) кандидати добија оценка незадоволува. Во прилог се резултатите од психолошкиот тест.
Воедно, бидејќи резултатите од психолошкиот тест пристигнаа порано од очекуваното, Приемната Комисија одлучи тестот за интегритет да се полага на деновите 6 и 7 ноември 2023 година (понеделник и вторник). Распоредот, местото и времето на полагање на тестот ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, па затоа следете ја нашата веб страница.