Известување од Приемната Комисија за нова временска динамика и распоред за полагање на психолошкиот тест

asjo_news_featured

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели во почетна обука,

Како што Ви најавивме во текот на минатата недела, во текот на денешниот ден Приемната Комисија одржа седница на која ја утврди Временската динамика за полагањето на понатамошните делови од Приемниот испит.

Исто така, на седницата Комисијата одлучи психолошкиот тест да се полага во следниве термини:

Сабота (21.10.2023 година ):

Група 1 – од 09:00 часот до 11:30 часот

Група 2 – од 12:00 часот до 14:30 часот

Недела (22.10.2023 година):

Група 3 – од 09:00 часот до 11:30 часот

Група 4 – од 12:00 часот до 14:30 часот

Во прилог Ви го испраќаме и распоредот по групи за полагање на тестот.

Полагањето ќе се одржи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „ Свети Кирили и Методиј“ во Скопје.

Ве замолуваме на полагањето да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање, да ја носите Вашата испитна шифра (која ја добивте со поднесување на документите во Академијата) како и лична карта, пасош или друг документ за идентификација.