
Академијата за судии и јавни обвинители согласно своите обврски кои произлегуваат од Законот за Академија, во период од 16 до 20 октомври 2023 година организира обука наменета за ново избраните судии и јавни обвинители.
Обуката ќе се реализира во два модула: кривичен модул и граѓански модул и истата ќе се одржи на 16 октомври 2023 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10,00 часот. Обуката ќе ја спроведуваат национални судии, јавни обвинители и адвокати, а на 18 октомври 2023 година на новоизбраните судии и јавни обвинители предвање ќе им одржи и судијата од СР Германија, Норберт Костер, кој ќе предава во рамки на кривичниот модул на темата: Изготвување на кривични пресуди. Предавањето на судијата од СР Германија се реализира во рамки на соработката на Академијата со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ)
Агендите согласно кои ќе се реализираат обуките можете да ги преземете на следниот линк: