Советување на тема „Побивање на должникова правни дејствија согласно ЗОО и според Законот за стечај и правни последици од побивањето“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година,  организира  советување на тема „Побивање на должникова правни дејствија согласно ЗОО и според Законот за стечај и правни последици од побивањето“ кое ќе се одржи на  5 октомври (четврток)  2023 година oд 10:00h , со физичко присуство, во просториите на Основен суд Гостивар

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници  од сите апелационо подрачје Гостивар.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола и г-а Лидија Димова, претседател  на Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1